Белинда Казим-Камински / Филмска проекција и разговор

Недисциплинирани форми на знаење |  Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ |  Филмска проекција и разговор со Белинда Казим-Камински |  Музеј на современата уметност Скопје |  15 ноември 2018, 20 часот

Во четврток, на 15ти ноември со почеток во 20:00 часот, во Кино салата на Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи проекција на два краткометражни филма и разговор со Белинда Казим-Камински, уметница, истражувачка и писателка од Виена. Нејзин фокус на интерес се сеќавањето, траумата и црната радикална имагинација. Во моментот таа е докторски кандидат на PhD-in-Practice програмата при Академијата за ликовна уметност, Виена.

Во рамки на ова нејзиното прво претставување пред македонската публика, Белинда Казим-Камински ќе не запознае со нејзината истражувачка работа и уметничка практика преку прикажувањето на нејзините два краткометражни филма „Откопување. Во разговор“ (2017) и „Писмото“ (2018), по што ќе следи разговор со публиката.

Епилог (форма на расправа)

Надворешна активност |  Епилог (форма на расправа) | изложба на Јане Чаловски и Христина Иваноска | Музеј на современата уметност, Скопје |  10 ноември 2018 – 11 февруари 2019

Уметничката практика на меѓународно афирмираните македонски уметници, Јане Чаловски и Христина Иваноска, која започнува во 2000 година, е комплексна и контекстуална. Се занимава со теми и концепти од архитектурата, историјата, уметничката теорија и политичката стварност, за да креира нови процесни продукции, сценарија на поставки и нови знаења. Своите дела ги реализираат во различни медиуми од цртеж и текст до објект, инсталација и видео.

„Епилог (форма на расправа)“ е трета и последна од трилогијата изложби конципирана околу индивидуалните и заедничките практики на умениците. Ќе бидат претставени инсталации, цртежи, објекти, видеа и фотографии од нивните понови проекти (2015-2018), вклучувајќи нова серија на дела „9 принципи на Отворена форма“ реализирана као дел од истражувачки проект „Отворено, формирано и неизградено: Музејот на модерна уметност на Оскар Хансен“ (2018-). Исложбата ќе биде проследена со публикација.

Лиза Нојберг: Телото како вселенски брод

Недисциплинирани форми на знаење |  Интернационален симпозиум „Кураторски размени“ |  Презентација на Лиза Нојберг (Lisa Nyberg) |  Музеј на современата уметност Скопје |  26 октомври 2018, 20 часот

Телото како вселенски брод: медитацијата како уметничка и експериментална практика 

„Храбро искравувајќи се во телото како вселенски брод, соочени со непозната и вознемирувачка иднина, ќе работиме на нашите вештини за колективна грижа и издржливост и ќе го споделиме нашето знаење во сесија на дишење, слушање и колективно пишување.“ Нашиот водич на ова патување е Лиза Нојберг, уметничка од Малме, која ги истражува радикалните можности за педагогија и перформанси преку процеси кои вклучуваат колективни, утописки, трансгресивни, пресечни и критични практики. Работата на Нojберг е во форма на самоорганизирани простори, институционални процеси, работилници, предавања, изведби, видеа, книги и звучни дела.

Кураторски размени | Презентација на Герги Ласло (Gergely László)

Интернационален симпозиум „Кураторски размени“|  Презентација на Герги Ласло (Gergely László) |  Музејот на современата уметност Скопје |  13 октомври 2018, 20 часот

Презентацијата е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторска размени 7: Курирање урбани заедници“.

Од 2004 година Герги Ласло (1979) е член на уметничкиот колектив Техника Швајц (Tehnica Schweiz) заедно со Петар Ракоси (Péter Rákosi) (1971), а во неколку наврати соработувале со српската уметничка Катарина Шевиќ (1979). Лазло и Шевиќ моментално живеат во Берлин. Помеѓу 2002 и 2012 година, во Будимпешта, тие биле вклучени во водење на неколку уметнички простори, меѓу кои и Dinamo, Impex - Contemporary Art Provider и Lumen Foundation.