DIY - независни простори

Надворешни активности | Јане Чаловски | Разговор со уметници: DIY - Independent Spaces - Neweast  | во организација на Art Collection Telekom | КВОСТ, Берлин | 15.09.2023 

DIY - Independent Spaces - Neweast е сесија на уметнички разговори и дискусија со уметниците Јане Чаловски, Бојана Џикова и Викенти Комитски, организирана од Art Collection Telekom, која ќе се одржи во KVOST, Берлин, на 15 септември 2023 година.

Не сонувај соништа

Надворешни активности | Јане Чаловски | Изложба „Не сонувај соништа“ | во организација на Art Collection Telekom | Модерна Галерија Љубљана | 24.05 – 17.09.2023

Don’t Dream Dreams е изложба која претставува избор на дела од Art Collection Telekom како апел да не се засолнуваме во соништата пред големата закана за демократијата, состојбата на нашата планета и страшната војна во срцето на Европа.

Промоција на книгата „Гаја и градината“

Едукативни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | Промоција на книгата „Гаја и градината“ во рамки на проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ и дел од европскиот проект “Big Time Takover” | МКЦ, Скопје | 15.05.2023

Во МКЦ Скопје се случува втора по ред промоција на книгата „Гаја и градината“. Книгата е заедничко дело на Ева Божиновска, авторка на текстот и ученичка во С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, како и авторките на илустрациите Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје на Одделот за мултимедија.

Промоција на филмот „Македониум: Драматургија на недовршеното“

Проектни активности | Јане Чаловски, Христина Иваноска и Теона Стругар Митевска | Промоција на филмот „Македониум: Драматургија на недовршеното“ | МКЦ, Скопје | 06.05.2023

Уметничкиот тандем Христина Иваноска и Јане Чаловски во соработка со режисерката Теона Стругар Митевска создадоа филмско дело со наслов „Македониум: Драматургија на недовршеното“, кој открива непознати страници од македонската историја.