Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ

On Tuesday, May 6, 2014 2:20 PM, press to exit project space ( Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ) wrote:

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 3:
КУРИРАЊЕ ОПШТЕСТВО И ПРОДУКЦИЈА НА МОЌ
 7-9 мај, 2014, Скопје

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ е годишен симпозиум кој ја третира локалната и регионална потреба од квалитативна размена на знаење и искуства кои се однесуваат на уметнички истражувања, кураторски практики и едукација.

00-curatingХристина Иваноска: La Mystérique (Патот кон милоста), во процес, 2014.

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 3: КУРИРАЊЕ ОПШТЕСТВО И ПРОДУКЦИЈА НА МОЌ е подготвен со намера да се осврне на прашањето за тоа како теолошки, политички и економски изведениот дискурс денес, може да курира општествено критички концепт, или, на кој начин дискурсот произведен од државата, теологијата и политиката се вклопува во денешниот културен контекст. Програмата вклучува предавање од проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) и проф. Софија Грандаковска, изложба на уметницата Христина Иваноска и разговор помеѓу авторката и културниот теоретичар Искра Гешоска. Куратор на програмата е Јане Чаловски.

Симпозиумот е инициран во 2012, a овогодинешното, трето по ред издание на програмата е поддржанo од Министерството за култура на Република Македонија, и е реализирано во партнерство со ГЕМ (Граѓани за европска Македонија) и СИА (Serious Interest Agency).


ПРОГРАМА

7-ми мај
Отворање на изложба
Христина Иваноска: La Mystérique (Патот кон милоста)

Локација: SIA Gallery, Скопје
Отворање: 7-ми мај, од 20:00 до 21:30 ч.

Христина Иваноска и Искра Гешоска ќе иницираат разговор за време на отворањето на изложбата.

Изложбата ги прикажува новите дела работени во различен медиум, а инспирирани од списите на Симон Веил (Simone Weil), француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре (Luce Irigaray), француска феминистка, филозоф и културен теоретичар од белгијско потекло.

Делата се однесуваат на сомнежот и стремежот тогаш кога личноста се соочува со своето политичкото, општественото и спиритуалното себство. Веил, посветена христијанка, ја преиспитува својата вера во Бога откако ќе престане да верува дека крштевањето ќе ja осигура нејзината светост. Делата на Лис Иригаре на некој начин ја објаснуваат емоционалната и необјаснива (љубовна) релација со Бог. Во нејзиниот текст  “La Mystérique” од нејзината книга Speculum de l’autre femme (1974), таа ја преиспитува посветеноста на жената кон Бога, прашувајќи се: Но ако човек не е повикан, како да се справи со ова, дури и да поседува страст за вакви потфати?

8-ми мај
Локација: ГЕМ
Време: 19:00 – 21:00 ч.

Чии граѓани беа Евреите депортирани од Македонија?
Предавање на Софија Грандаковска
придружено со отворена дискусија со гостите и публиката
 
Во услови на воспоставен анти-семитски државно-административен бугарски систем уште од првите денови на окупацијата на Македонија во април 1941, и припојувањето на вардарскиот дел од Македонија во рамки на кралството Бугарија - прашањето за третманот на македонските Евреи како не-бугарски граѓани  претставува особен пример кој ја подвлекува специфичноста на холокаустот во Македонија во однос на другите искуства од холокаустот во Европа. Македонските Евреи биле исклучени од можноста за добивање бугарско државјанство според Законот за заштита на нацијата од 1941, а во исто време биле запишувани како бугарски граѓани во Декларациите за еднократен данок од 1941; тие биле запишувани како поранешни југословенски граѓани во Полициските регистри од 1942, како лица со привремен престој во Македонија, и како странци, сѐ до нивното депортирање како res nullius во 1943. Во тој контекст, се поставува прашањето: Чии граѓани биле Евреите кои од Македонија биле депортирани од страна на бугарската елита, со помош на администрацијата и полицијата, и им биле предадени на германските авторитети на станицата Малкиниа од каде биле однесени на брза егзекуција во гасните комори во Треблинка II?  

9-ти мај
Локација: ГЕМ
Време: 19:00 – 21:00 ч.

Промотивен говор на Софија Грандаковска за делото на Гил Аниџар (Gil Anidjar)

"Раса, нација, религија" предавање на Гил Аниџар (Gil Anidjar)

"Раса, нација, религија" --  три термини кои ги дефинираат колективите на начини кои се истовремено и необично компатибилни и некомпатибилни, прифатливи или неприфатливи, историски и аисториски, релевантни и ирелевантни. Не толку одамна, Балибар (Balibar) и Валерстеин (Wallerstein) зборуваа за "Расата, нацијата и класата“ - и интеракцијата меѓу нив. По пат на генеологија на видовите, и со помош на теоријата на Фројд (Freud), проф. Гил Аниџар ќе се фокусира на наведените разлики меѓу трите термини, она што тие го споделуваат и она што го прикриваат. Кажано поинаку, тој ќе ја преиспита древноста на религијата, изумувањето на нацијата и создавањето на расата.  

Предавањето ќе биде придружено со дискусија со публиката.
 

За повеќе информации Ве молиме да нè контактирате на:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ; 075-299-889 (Јане Чаловски)

Кратки наративни биографии за учесниците:

Гил Аниџар предава на Катедрата за религија и на Катедрата за студии по Среден Исток, Јужна Азија и Африка на Универзитетот Колумбија (САД). Тој е автор на „Нашето масто во Андалузија: Кабала, философија, книжевност во арапско-еврејските писма [2002]; „Евреинот, Арапинот: историја на непри-јателот“ [2003], „Семити: раса, религија, литература“ [2008] и „Крв: Критика на христијанството“ [2014]. Во моментов е гостувачки професор на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград.

Софија Грандаковска е автор на: „Говорот на молитвата“[2003] и „Портретот на сликата“[2010], приредувач и коавтор на двојазичната хрестоматија „Евреите од Македонија и холокаустот: историја, теорија, култура“ [The Jews from Macedonia and the Holocaust: History, Theory, Culture][2011] и коуредник на двојазичното bookzine издание DOMA [HOME][2010]. Таа е кокуратор на мултимедијалната изложба „Евреите од Македонија и холокаустот“ (Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2011, и Галерија на еврејската заедница во Белград, Белград, 2013).

Христина Иваноска е ликовен уметник. Дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби и проекти во земјата и странство меѓу кои: Москва (2010), Стокхолм (2008), Љубљана (2008), Белград (2007), Лондон (2006), Скопје (2005, 1999, 1998), Босвил (1998) и други. Остварила стидиски престој преку Артслинк во Кливеленд институтутот за уметности (2004), како и резидентен студиски престој во ИАСПИС, Шведска (2008). Во соработка со Јане Чаловски работи на заеднички авторски проекти од 2000 година; во 2004 го основаат Проектен простор Прес ту Егзит и дејствуваат во независниот културен сектор во Mакедонија и регионот.

Искра Гешоска дејствува во независниот културен сектор повеќе од 20 години. Таа е претседател на Контрапункт – асоцијација за развој на критичка мисла, културни политики и активизам. Во приодот од 2002 – 2010 раководеше зо независниот културен центар Точка. Теориска сфера на нејзин интерес се политичките и естетските преплетувања во социо-културниот контекст. Пишува и објавува есеи и критички текстови поврзани со третманот на социо-културните феномени, како и текстови од сферата на изведувачките и визуелните уметности.

Јане Чаловские уметник, истражувач, и куратор. Има реализрано бројни меѓународни самостојни и групни изложби и проекти. Живее и работи во Скопје каде што дејствува во независниот културен сектор од 2004.