„Always Ready“ - самостојна изложба на Неда Фирфова, куратор: Ивана Васева

Надворешни активности | Неда Фирфова, Ивана Васева | Аlways Ready | куратор: Ивана Васева | Галерија МКЦ, Скопје | 24 април - 8 мај, 2014.
 
Наместо заземање на некоја од можните страни - критика на конструираниот идеолошки призор на комунизмот или поддршка на меморијата на призорот со намера да се поддржат било какви идеи за рамноправност во колективитетот, она што ме интересира мене како уметнички и дизајнерски практичар во редизајнирањето и повторното уметничко претставување на масовните игри и нивните потпори е знаењето, изгубено заедно со културната амнезија по падот на комунизмот.
 
Изложбата Always Ready има за цел да постави прашања во врска со овој визуелен призор како посебно дизајниран пропаганден систем, и можноста да немаме никакво знаење за тоа како е продуциран, кој го продуцирал, која била неговата содржина и како не е вграден во нашито дизајн и уметничко образование како метод?