You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you.
Надворешни активности | куратор Ивана Васева, уметници Христина Иваноска, Јане Чаловски| You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you. , изложба | Мобилна/монтажна галерија на ЦАЦ, Скопје | 5 – 13 јуни, 2014
You made me so sad. Now, that doesn’t have anything to do with you. е групна изложба, курирана од Ивана Васева, која изложува поединечни интими односно претставува мини-инсталации кои се однесуваат на контексти, ситуации, случајности и афективни рекации кои оставиле специфичен психолошко-емотивен впечаток на учесниците. Изложувањето на овие интими т.е. нивното јавно претставување содржи потенцијалност за рефлектирање и преиспитување на состојбата и ставовите на другите нудејќи му можност на посетителот „да се изложи самиот на себе“.
Споделувањето на интимните согледувања и реакции поседува волја да покаже дека многу од проблемите со кои се соочуваат луѓето не се нивна вина, туку се резултат на системска обесправеност и дека фокусот не е на индивидуалната борба туку на групната.
Изложбата ја чинат дела од уметниците Јане Чаловски, Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Ивана Драгшиќ, Иван Ивановски, Филип Јовановски и активистот за човекови права и слободи и истражувач Славчо Димитров и сонувачот и бранител на човековите права Кочо Андоновски.
Сите учесници ја градат изложбата (поединечни инсталации во рамки на поголема инсталација) преку искрен, интроспективен и себе-анализирачки пристап на сопствената вокација со размислувања кои најчесто не се претставени во јавноста во овој облик и го користат себесвојствениот начин на изразување и артикулација.
Изложбата ги поттикнува прашањата: Дали и колку отворањето пред другите создава нов ѕид од екстернализиран страв или пак може да предизвика преиспитување на ставовите? И колку претерувањето во лажното изобилие зборува за неподносливоста и стравот од личните проблеми а со тоа и за генералната опресија и масивните структурни нееднаквости?