Неформална средба и дискусија: Средства за уметничка демократија, фондови и други алатки

Мај 27, 2013

Интернационално претставување | проектен простор прес ту егзит од Скопје (MK) во соработка со институцијата Форте Маргера (Forte Marghera, (ITA)| средба и дускусија насловена „Средства за уметничка демократија, фондови и други алатки“ | Forte Marghera, Местре, Венеција.

проектен простор прес ту егзит организира неформална средба и дускусија насловена „Средства за уметничка демократија, фондови и други алатки“ (27 мај, 2013 год., од 18 до 20 часот) во Местре, Венеција во соработка со институцијата Форте Маргера (Forte Marghera).

Од организацијата, во Местре ќе бидат присутни Јане Чаловски, Христина Иваноска и Ивана Васева а покрај нив дел од дискусијата и средбата ќе бидат: Andrea Bonifacio, менаџер на Forte Marghera, Gianluca D’inca Levis, куратор, Белуни, Daniele Goldoni, филозоф, Венеција, Vincent Huang, уметник од Тувалу павиљонот, Uve Muellrich, уметник, Берлин, Francesco Palumbo, од Апуља регионот, Stefanie Seidl, галерист, Берлин и други.

DSC00708

Живееме во несигурен свет во кој нашето постоење како културни работници се чини многу нестабилно во рамките на тековните економски, општествени и политички промени во Европа и пошироко. Како културолошки работници се надеваме и се бориме да одржиме цврста и проактивна агенда, но бојните полиња се чини се многу и се тешки. Па што правиме, како се бориме против континуираните кратења на јавните буџети за култура и против исчезнувањата на независните уметнички организации и индивидуалци кои полека „отпаѓаат“ од комерцијалните економии на уметноста и културолошки политики? Како да го одредиме нашиот правец на дебатната маса и како општото мислење за политичкиот и социолошки активизам може да го промени начинот на кој ние размислуваме, креираме, продуцираме и презентираме идеи во јавноста?

Сево ова може да изгледа како на едно место да се собрани премногу различни и неспоиви прашања, изречени одеднаш и со итност, но нека биде така. Можеби токму фактот што несигурноста е колективна состојба која посочува на потенцијалот за алтернативни модели на организација и заедничка акција. Почнувајќи од тука, оваа дискусија која ја иницираме ќе се обиде да отвори можност за дискусија за потребите и предизвиците на малите независни уметнички и културни организации во Италија, Македонија и Германија. Исто така ќе се обидеме да ги презентираме и да ги споделиме нашите знаења, стратегии и методологии кои сме ги научиле досега и сме ги примениле при нашиот секојдневен ангажман да останеме активни и присутни.

Овој разговор нема намера да биде уште една можност за бесцелно патетизирање и дрскост, туку напротив. Сега е моментот да се обединиме во размислувањата како да продолжиме понатаму, кои се алтернативните решенија за нашата ситуација, и зошто е важно никогаш да не престанеме да се прашуваме (и да го ставаме прстотот на нашата глава повторно и повторно) додека не одговориме: која е мојата одговорност СЕГА како културолошки работник во овој несигурен свет?