ИГРА СО РАЗНОВИДНОСТИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОДГОВОРЕН ДИЗАЈН
ПРОЕКТЕН ПРОСТОР ПРЕС ТУ ЕГЗИТ има чест да ве покани на работилницата
ИГРА СО РАЗНОВИДНОСТИ ЗА СОЦИЈАЛНО ОДГОВОРЕН ДИЗАЈН
Работилницата ќе ја води Анет Лундебај, 'дизајн мислител', истражувач на метадизајнот, едукатор, споведувач на обуки и уметник, која живее и работи во Лондон.
Дата: 5ти октомври 2013
Време: 10:00 – 16:00h
Место: Куршуми Ан, Стара Чаршија, Скопје
Јазик: Англиски
Регистрација: Задолжителна
Број на учесници: Ограничен
Рок на пријавување: 25 септември 2013
Skopje Design Week и Press to exit project space во соработка со Norsk form се организратори на работилница за социјален дизајн наменета за млади ентузијасти и дизајнери од Македонија.
Опис на работилницата
Како да работиш како социајално одговорен дизајнер? Како алтернатива на brainstorming процесот, на оваа три часовна креативна работилница ќе ви биде претставена методата на ‘bisociating’ на типови на разновидност со цел да се создадат социјално-респонсивни (одговорни) дизајн идеи. Овој дизајнерски метод еволуирал преку истражување на поимот “метадизајн” (Лундебај и Џонс, 2012). Целта на овој метод е да се допринесе кон процесот на “идеаизација” и можноста да произлезат свежи и изненадувачки концепти. Исто така bisociating може да овозможи и убрзано осмислување на нови решенија и прототипија на идеи. Учесниците на работилницата ќе работат индивидуално, во парови и во групи. Работилницата ќе кулминира со заедничка дискусија, со акцент на новосодадените идеи и идетификување на следни можни зони за истражување и нивна имплементација.
http://www.ministryofpleasure.net/workshop/social/anete.html