ДИЗАЈНИРАЊЕ ЗАЕДНО ВО 21ви ВЕК

Проектен простор прес ту егзит има чест да ве покани на презентацијата

Анет Лундебај
ДИЗАЈНИРАЊЕ ЗАЕДНО ВО 21ви ВЕК

Anette Lundebye portrait 2013Дата: 4 oктомври, 2013
Време: 13:00
Место: Куршумли Ан, Стара Чаршија, Скопје
Јазик: англиски
Влез: Слободен

Оваа презентација нè доближува до двата водечки пристапи во дизанот: Метадизајн - дизајнот од дизајн и Социјално одговорен дизајн - дизајнирање за луѓе и со луѓе. Преку употреба на веќе испишано манифесто ќе истражуваме проекти и практики кои одговараат на предизвиците и можностите на 21-виот век.

Анет Лундебај е Британски 'дизајн мислител', истражувач на метадизајнот, едукатор, споведувач на обуки и уметник. Водена од силниот интерес за одржливоста и иднината на дизајнот, нејзиното досегашно искуство претставува спој од академски-теоретски пристап, директна работа во автомобилската индустрија и ангажман на меѓународната ументничка сцена. Живеела и работела во Франција, Велика Британија, Скандинавија и други земји. Соработката е важен аспект во нејзината работа. Интернационално има развивано и претставувано проекти во соработка со други дизајнери исто како и свои почнувајќи од 1996 година до денес. Со пошироките перспективи во дизајнот, голем дел од нејзината работа има за цел да ја предизвика и да создаде нови рамки за креативна пракса. Како истражувач на проектот Метадизајн (2006-2008) на престижниот одел за дизајн и наука на Голдсмитс колеџ (Goldsmiths College) на Универзитетот во Лондон, таа беше вклучена во креирање алатки, методи и процеси за соработка за транс-дисциплинарни тимови, кои што таа продолжи да ги развива во различни поставки.

Од 2009 година таа се занимава со ко-развој на SRVD (Социјално Одговорен дизајн) проекти во Осло, Националната академија за уметност, и има напишано разни статии на овие теми. Покрај нејзината консултантска работа таа е и предавач на Одржливост и дизајн на Риџент универзитетот (Regent’s University) во Лондон. Гостин предавач е и на различни институции во Лондон и Скандинавија. Има блог наречен Senseness кој е одраз на перцепции, искуства и односи со материјалната култура и прашања за она што ние го вреднуваме. Таа исто така соработува со меѓународниот ликовен колектив Странска Инвестиција. Воедно е и соработник на Кралското друштво за уметност. Живее и работи во Лондон.

http://www.ministryofpleasure.net/presentations/edu/21.html