За проектот
Автори на проектот:
Велимир Жерновски, Јованка Попова, Елена Тренчева
Hacking the Future е отворен, партиципативен, истражувачки проект кој има за цел да иницира процес на структурно мапирање и критичко позиционирање на уметнички практики и различни видови на граѓански активизам кои се однесуваат на стратегиски делувања поврзани со јавниот простор, медиумската сфера, дигиталната култура и новите медиуми.
Проектот беше конципиран и идејно развиен во рамки на работилницата насловена „Развој на курирањето и посредувањето во современата уметност“, раководена од д-р Дороти Рихтер, која беше дел од интернационалниот симпозиум и работилница „Кураторски Размени“, организирани од проектниот простор прес ту егзит во Скопје, во 2012 година.
Проектното истражување се заснова на архивски модел со отворена структура која е во процес на постојано надополнување, а која, во еден свој дел дел, третира ризомско надоврзување на дигитални архиви и ресурси на знаења со сличен предмет на интерес...