„Како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра“ – перформанс/ игра конципирана од Ивана Васева и Биљана Тануровска - Ќулавковски

Надворешни активности| Ивана Васева и Биљана Тануровска - Ќулавковски|„Како да направиш фестивал со 100 евра и со 1 милион евра“ – перформанс/игра| Младински културен центар, Скопје | 30 октомври, 2014
 
Идејата за овој перформанс/ игра потекнува од текстот Фестивалот како „микрофизика на моќта“ (Фуко) во регионот и поранешна Југославија од Ивана Васева, Елена Вељановска и Биљана Тануровска Ќулавсковски, направен во рамките на работната група Термини (Скопје) како дел од проектот "Расшколувано знаење" во 2012. Во овој текст, промената/трансформацијата на поимот, структурата и значењето на фестивалите е дадено низ краток преглед исто како и современото поимање на терминот во контекст на земјите од Бивша Југославија. 

Презентација на Јованка Попова на XLVII Интернационален конгрес на AICA, Јужна Кореја

Надворешни активности | презентација на Јованка Попова (MK) | XLVII Интернационален конгрес на AICA, Јужна Кореја National Museum of Modern and Contemporary Art, Seoul816 октомври, 2014

На овогодинешниот XLVII интернационален конгрес во организација на Меѓународното здружение на ликовни критичари AICA International, во Јужна Кореа, учество со своја презентација ќе има  Јованка Попова. Конгресот со заедничка тема под наслов Art Criticism in a Labyrinth се одржува во периодот од 8-16 октомври, во National Museum of Modern and Contemporary Art, Seoul  и Ramada Plaza Suwon.

Темата на конгресот ги поставува прашањата за улогата на уметничката критика во глобалното опкружување, новите пристапи кои можеме да ги предложиме и методологиите кои ни се потребни за да се справиме со различностите на изразот и комплексноста на современата уметност во светот и неопходноста од преиспитување на клучните прашања, како на пример, врската помеѓу критичарот и кураторот, пазарот на уметнички дела и уметничките институции, публиката и уметникот, уметноста и општеството.

Изложба „Капела (ние сите сме сами во ова)“ / Христина Иваноска и Јане Чаловски

Во истакната институција за современа уметност Кунстхале Баден-Баден на 5-ти септември се отвори изложбата „Капела (ние сите сме сами во ова)“ на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски. Изложбата е преставена во галеријата „45 cbm“ посветена на нови современи и експериментални проекти. Изложбата ќе биде отворена до 17-ти октомври 2014.

Оваа најнова соработка на Иваноска и Чаловски, кои заедно создаваат од 2000 година, ја тематизира претставата за вербата како современа социо-политичка аномалија. Во галеријата „45 cbm“ е пресликана минималистичка форма на фрескописот во црквата од XII век „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново во сразмер 1:3. Во ѕидниот цртеж се инкорпорирани поединечни дела на двајцата автори во форма на текст-базирани цртежи, конструкции, и објекти. Делата на авторите ги рефлектираат конфронтациите со своето сопствено политичко, социјално и духовно себство. Цртежите на Иваноска се инспирирани од списите на Симон Веил која e француски филозоф од еврејско потекло, христијански мистик и политичка активистка, и Лис Иригаре, француска феминистка, филозоф и културен теоретичар од белгијско потекло. Цртежите и објектите на Чаловски се однесуваат на поетиката во размислувањата и преписките на американскиот уметник Пол Тек како и на ликовниот јазик добиен преку физичко отстранување на сликите од иконите.