Предавање на проф. Гил Аниџар - "Раса, нација, религија"

Почитувани,

Чест ни е да Ве известиме дека проф. Гил Аниџар (Gil Anidjar) ќе одржи предавање со наслов "Раса, нација, религија". На предавањето ќе претходи промотивен говор на проф. Софија Грандаковска за делото на Аниџар. Настанот ќе се одржи во петок (9 мај, 2014 год.), со почеток во 19.00 часот во просторот на клубот ГЕМ (Клуб на Граѓани за европска Македонија) во Скопје и е дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ. Куратор на програмата на симпозиумот е Јане Чаловски.

Предавање на проф. Софија Грандаковска - „Чии граѓани беа Евреите депортирани од Македонија?“

Почитувани,

Чест ни е да Ве известиме дека проф. Софија Грандаковска ќе одржи предавање со наслов Чии граѓани беа Евреите депортирани од Македонија?

Предавањето ќе се одржи во четврток (8 мај, 2014 год.), со почеток во 19.00 часот во просторот на клубот ГЕМ (Клуб на Граѓани за европска Македонија) во Скопје и ќе биде дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ. Куратор на програмата на симпозиумот е Јане Чаловски.

La Mystérique (патот кон милоста) - изложба на уметницата Христина Иваноска

Почитувани,

со задоволство Ве известуваме дека уметницата Христина Иваноска ја отвора својата најнова самостојна изложба насловена La Mystérique (патот кон милостa). Изложбата ќе се отвори во среда (7 мај, 2014 год.) во 20.00 часот во SIA (Serious Interests Agency) галеријата во Скопје (ул. Ѓорѓи Пешков бр. 6, први кат), и ќе биде дел од третото по ред издание на симпозиумот Кураторски размени 3: Курирање општество и продукција на моќ.