НИЕ СИТЕ СМЕ САМИ ВО ОВА во Art Rooms во Кирениа

Надворешни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | промоција на книга и изложба  „Ние сите сме сами во ова“ | курирана од Башак Шенова | Art Rooms во Кираниa, Кипар | 25 ноември 2015. - 4 јануари 2016.
 
Веднаш по завршувањето на 56. Биенале во Венеција, заедничкиот проект на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски „Ние сите сме сами во ова“ чиј куратор е Башак Шенова веќе има свое претставување, со промоција на книга и изложба, во галеријата Art Rooms во градот Кираниa на Кипар. Изложбата се отвори на 25 ноември и ќе трае до 4-ти јануари 2016 година.  

НАОПАКУ: критичко уметнички дебати за институциите

Надворешни активности | Јане Чаловски | конференција „Наопаку  ̶  Критичко уметнички дебати за институциите“ | Градската уметничка Галерија и Градскиот музеј во Љубљана | 20-21 ноември 2015. 

Уметникот Јане Чаловски ќе земе учество на конференцијата „Наопаку  ̶  Критичко уметнички дебати за институциите“. Конференцијата ќе се одржи на 20 ти и 21 ви ноември, во Градската уметничка Галерија и Градскиот музеј во Љубљана. Истата е иницирана како дел од изложбата „Наопаку – Не толку бела коцка“ курирана од Аленка Грегорич и Сузана Милевска.

КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 4: Уметничкиот труд помеѓу отпорот и прекаријатот

Симпозиум | Кураторски размени 4 | предавања на Алберт Хета и Андерс Кројгер | во организација на проектен простор прес ту егзит | Клуб ГЕМ и Институт за општествени и хуманистички науки - Скопје| 3ти и 7ми ноември 2015, 19.30 ч. 

Програмата на вториот дел од овогодинешното четврто по ред издание на Симпозиумот „Кураторски размени 4“ третира прашања поврзaни со концептот за социјална држава, начините на кои тој кореспондира со прекаријатскиот општествено-критички произведен дискурс и неговите манифестации во денешниот културен контекст. Истовремено покренува теми кои се важни за моменталните случувања на глобално ниво: уметнички практики кои се осврнувааат на начините на комуникација меѓу различни социјални и економски структури, прекаријатска егзистенција и вреднување на трудот, подемот на екстремната десница во Европа, несреќата на бегалците од граѓанската војна во Сирија, или можниот пресврт кон не-монетарна економија.

Програмата вклучува предавање од Алберт Хета (Albert Heta) уметник, куратор и ко-основач на независната уметничка институција Стацион – Центар за современа уметност (Stacion - Center for Contemporary Art) во Приштина и Андерс Кројгер (Anders Kruger), куратор во M HKA, Музејот на современа уметност во Антверп.