КУРАТОРСКИ РАЗМЕНИ 4: Непрекинлива и просторна контрола

Симпозиум | Кураторски размени 4 | презентација на Башак Шенова "Непрекинлива и просторна контрола" | во организација на проектен простор прес ту егзит | Агенција за сериозни интереси, Скопје| 27 март 2015, 19.30 ч. 
 
Башак Шенова има изјавено дека “без оглед на конструираните истории и колективни мемории, чинот на помнење секогаш е поврзан со 'определено место". Секоја афирмативна перцепција на просторот неопходно се историзира и политизира. Оттука, повеќето од овие специфични места се обременети со меморија и контролни механизми. Постојаните непрекидни и просторни обмислувања во поголемиот дел од нејзината кураторска работа се оформени низ овие услови.”

Набљудувања: Светлина

Надворешни активности | Христина Иваноска, Јане Чаловски |изложба  „Набљудувања: Светлина“ | куратор: Елена Вељановска| Abbaye aux Dames (Salle des Abbesses), Каен, Франција| 19 март - 10 април, 2015.
 
Изложбата „Набљудувања: Светлина“ и приоѓа на една од основните теми во визуелната уметност: светлината и нејзината улога како активна компонента во уметничката креација и визуелната перцепција. Делата во изложбата ги анализираат визуелните, хроматски вредности на светлината и трансформативната моќ на природната светлина и се обидуваат да ја исликаат темнината, нагласувајќи или менувајќи ги скулптуралните карактеристики на објектите. Од друга страна, тие ги набљудуваат метафоричките, филозофските и духовните значења на светлината. Секој од уметниците во оваа изложба тргнува од поинаква почетна точка во набљудувањето или во работата со светлината. Во нејзината потрага по светлината, Флор Хелуан патува низ историјата на уметноста, за на крај да се фокусира на истражувањето на луминозната хроматика на предисториската обсерваторија Кокино во Македонија. Во потрага по интелектуалната светлина, Христина Иваноска нè внесува во дијалог за трансценденталното значење на светлината и можностите за просветлување преку филозофија и еманципација, додека Јане Чаловски ги испитува можностите на не-визуелно претставување и поетското значењето на светлината.

Каде да (не) одиме?

Изложба | Каде да (не) одиме? | организирана од проектен простор прес ту егзит | куратор: Јованка Попова| Галерија МЦ, Њујорк|16 февруари - 1 март 2015 (отворање на изложбата и разговор со кураторот и уметниците Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски: 23 февруари, 19.00 ч.)

Уметници: Христина Иваноска, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Александар Ковачевски, Владимир Лукаш, Нада Прља, Даниел Серафимовски, Тихомир Топузовски, Никола Узуновски, Неда Фирфова, и Јане Чаловски.

Во која мера историските и политичките пресврти се одразени во сегашниот изглед на градот? Дали го препознаваме урбаното како јадро на социјална солидарност или пак како простор за остварување на разновидни политички агенди? На кој начин се справуваме со моќта и нејзиното директно влијание врз урбаниот развој? Преку деконструирање на процесите на илустрирање, архивирање, документирање и изведување, уметниците се соочуваат со мноштвото контрадикции со кои во Македонија се обидуваме да опстојуваме. 

Осврнувајќи се на теми како што се историскиот и урбан развој на Скопје, социјалната нееднаквост, политичката, културна и економска репресија врз маргинализираните, скорешните несоодветни образовни реформи и редизајнирање на традиционалните вредности, уметниците претставени во групната иложба KAДЕ ДА (НЕ) ОДИМЕ? не отстапуваат од потребата за аргументирање и натамошно истражување на нивните индивидуални позиции. Оттука, „каде да (не) одиме?“, всушност се однесува на она – „зошто да чекаме повеќе?“. Вниманието е свртено кон она што е лево ориентирано и неискажано, она што се огласува зад тишината на сивата документација, граничните точки во кои дискурсите се оспорени или пак генерираат контра-дискурси. Изложбата е конципирана во четири целини во кои се групирани по три дела од поновата продукција на дванаесет современи македонски автори.