Резиденциски престој на уметникот Jacob Severn во организација на Проектен простор Прес ту егзит

Резиденциски престој на уметникот Jacob Severn во Македонија | во организација на  Проектен простор Прес  ту егзит во соработка со apexart од Њујорк | 17 октомври - 15 ноември 2015

Проектен простор Прес ту егзит, во соработка со apexart од Њујорк, во периодот од 17 октомври до 15 ноември, организира уметничка резиденција во рамки на која резиденциски престој ќе оствари уметникот Јаков Северн (Jacob Severn) кој живее и работи во Њујорк. Јаков Северн е поет и визуелен уметник. Неговото пишување и уметнички дела се однесуваат на репрезентацијата, медијаторското искуство, траењето  и ефемерноста. Во Сиетл, тој го основал уметничкиот простор Healthy Times Fun Club. Тој е ко-основач на Kimberly-Klark, проектен простор во Ridgewood, Квинс. Уредник е  на micropress Snacks, Inc и ефемерниот литературен дигитален сајт HARIBO. Магистрант е по креативно пишување на The New School во Њујорк. 

Виножито во мракот: За радоста и маките на верата

Надворешни активности | Јане Чаловски и Христина Иваноска | изложба  „Виножито во мракот: За радоста и маките на верата“ | курирана од Галит Еилат (Galit Eilat) и Себастиан Цихочки (Sebastian Cichocki) | Музејот за модерна и современа уметност во Малме, Шведска | 17 октомври 2015. - 17 јануари 2016.

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство известува дека уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски ќе имаат свое претставување во рамки на изложбата „Виножито во мракот: За радоста и маките на верата“ (Rainbow in the Dark: On the Joy and Torment of Faith) која од 17 октомври до 17 јануари 2016 ќе биде отворена во Музејот за модерна и современа уметност во Малме, Шведска. Куратори на изложбата се Галит Еилат (Galit Eilat) и Себастиан Цихочки (Sebastian Cichocki). 

Нивното ново зедничко дело, создадено за оваа изложба, e насловено "Премолчено", и e претставено на три ленени платна третирани со текстилна боја, графит и конец. Делата се изложени во комбинација со неколку претходно создадени индивидуални дела од двајцата автори, како што е делото "Без наслов (Двополово едно)" од Христина Иваноска, како и делата "Избришана икона V", и "Без наслов (Пол Тек писмо, 1971) од Јане Чаловски.

Селектирани уметници за резиденциската програма WEST BALKAN CALLING

West Balkan Calling | Резиденциски престој на визуелен уметник од Македонија во Австрија | во организација на  < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес  ту егзит | селектирани уметници: Велимир Жерновски и Wolfgang Obermair

Проектниот простор Прес ту егзит со задоволство објавува дека уметникот Велимир Жерновски е избран за резидентен уметник, кој во текот на 2016 година ќе оствари резиденциски престој во Грац, Австрија, како дел од програмата на проектот WEST BALKAN CALLING. Резиденцискиот престој на Жерновски ќе биде во организација на < rotor >, асоцијација за современа уметност. 

Проектниот простор Прес ту егзит за овој резиденциски престој предложи десет македонски уметници, од кои, по одлука на жирито, беше поканет Велимир Жерновски. Средбата на жирито, составено од претставници на организациите вклучени во проектот, како од Австрија, така и од земјите од Источен Балкан, се одржа на почетокот на месец септември во Виена.  Истовремено, Проектниот простор Прес ту егзит ќе има чест да организира едномесечен резиденциски престој во Скопје за австрискиот уметник Wolfgang Obermair.