Отворен повик | West Balkan Calling | Резиденциски престој на визуелен уметник од Македонија во Австрија | во организација на < rotor > center for contemporary art Graz и Проектен простор Прес ту егзит | краен рок за аплицирање: 15. 08. 2015
WEST BALKAN CALLING
Artist-in-Residence Exchange Programme
организирана од < rotor > center for contemporary art Graz во соработка со Проектен простор Прес ту егзит
WEST BALKAN CALLING е програма за уметничка размена и резиденциски престои меѓу 6 уметнички институции од Југоисточна Европа и 5 уметнички институции од Австрија, која ќе се реализира во текот на 2016 г.
Програмата е во организација на < rotor > center for contemporary art Graz од Австрија, во соработка со Проектен простор Прес ту егзит (Скопје, Македонија), T.I.C.A. – Tirana Institute of Contemporary Art (Тирана, Албанија), Public ROOM, (Сараево, Босна и Херцеговина), Stacion – Center for Contemporary Art (Приштина, Косово), Art Research Center 42° (Цетиње, Црна Гора), Kontekst Collective / Zadruga Oktobar (Белград, Србија) и lend|hauer (Клагенфурт, Австрија), AIR–ARTIST IN RESIDENCE (Кремс, Австрија), Atelierhaus Salzamt (Линц, Австрија), Kunsthalle Exnergasse (Виена, Австрија).
Во рамките на оваа програма Проектниот простор Прес ту егзит, а во соработка со < rotor > center for contemporary art Graz, организира резиденциски престој на еден македонски уметник во Австрија и истовремено обезбедува едномесечен резиденциски престој за уметник од Австрија, во Македонија.
Надворешни активности | Уредници: Ивана Васева, Филип Јовановски | книга „111 тези за ГТЦ“ | Автори на текстови: Мартин Гулески, Минас Бакалчев, Доминика Бошкова, Јасна Стефановска, Ана Ивановска – Дескова, Донка Барџиева – Трајковска, Михајло Зиноски, Дејан Ивановски, Горан Јанев, Мишко Ралев, Даница Павловска и Никола Писарев | Мобилна/ монтажна галерија на ЦАЦ, Скопје | 23 април, 2015
Оваа публикација произлезе од читачката и дискусиона група насловена „ЧИТАМЕ ЗГРАДИ: ГТЦ КАКО КНИГА“ која се одржа на 29 ноември, 2014 год. во Младински културен центар во Скопје, во рамки на долгорочниот проект „ЖИВИ БИБЛИОТЕКИ: архиви на граѓанска непослушност“ (https://zivibiblioteki.wordpress.com/).
Книгата е делумно транскрипт на тaа средба, чија цел беше исчитување на Градскиот трговски центар во Скопје. „111 тези за ГТЦ“ е книга создадена од стручни мислења за значењето на овој објект поставени во 11 тези од вкупно 11 значајни мислители на современата архитектонска сцена во Македонија (двајца заедно пишуваат 11 тези), и е едитирана со помош на сите учесници и со модераторот на дискусијата.
Надворешни активности | Јане Чаловски | изложба „Nationless: борбата продолжува- колекција“ | во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје | Младински културен центар (МКЦ), Скопје| 4 април, 2015.
Уметници: Олсон Ламај [АЛ], Јорданис Стилидис [ГР], Марија Сари [ГР], Драган Протиќ-шкарт [СРБ], велимир жерновски [МК], Бранко Тешевиќ – STREET HERO [СРБ], Висар Арифај– Силна партија [КС], НАда Прља и Бранко Прља [МК], Ангелики Авгитиду [ГР], Милош Милетиќ и Мирјана Радовановиќ- КУРС (СРБ), Јане Чаловски и Наја Франгули [МК/ГР], Филип Јовановски [МК] и Ѓорѓе Јовановиќ [МК].